Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Главен специјалист за картично работење - Скопје
Работниот однос е на определено време 6 месеци.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следниве работни активности:
∙ комуникација со меѓународни платежни институции MasterCard и Visa;
∙ следење на законска регулатива и регулатива на платежни институции;
∙ комуникација со процесинг центарот и надворешни добавувачи
∙ активно учество во мандаторни и развојни проекти;
∙ подготвување фајлови и размена на истите со процесинг центарот;
∙ тековно процесирање на барања за издавање на картички и продажни места;
∙ тековно опслужување на деловна мрежа и корисници на картички;
∙ тековно следење на работењето на периферни уреди за опслужување;
∙ репортинг за тековни активности и за други значајни проблеми од областа на работењето на организационата единица;
∙ изготвување редовни извештаи за своето работење до непосредните надредени, Управниот одбор и другите органи и одбори во динамика, форма, содржина и други податоци согласно законската и подзаконска регулатива, актите на Банката, одлуките на органите на Банката
∙ поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- VII/1 степен - универзитетско образование
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Одлична примена на компјутерските програми за обработка на текст, табели, електронска пошта и интернет.
- Најмалку 5 години релевантно работно искуство од областа на картичното работење
Избраниот кандидат треба да ги поседува следниве компетенции и вештини:
- Да умее да постави и одржува позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Прецизност;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот од 60.000-90.000 денари.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 23.05.2024 година.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308