Централна кооперативна банка АД Скопје, вработувалицe на работна позиција Раководител на експозитураво Тетово.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, месечна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатот треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Развиени односи со деловни клиенти;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
- Добри аналитички способности;
- Висок степен на прецизност;
- Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
- Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;
- Способност за работа со утврдени временски рокови;
- Можност и афинитети за работа на терен;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ни испратите Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: hr@ccbank.mk
Огласот ќе биде активен заклучно со 07.04.2024 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308