Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице за работно место Корпоративен секретар на Надзорен одбор во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Обезбедување организациска и професионална поддршка на Надзорниот одбор и неговиот Претседател и на комисиите;
- Да присуствува и да води записник на состаноците на Надзорниот одбор и на комисиите и да учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Надзорниот одбор на Банката и на другите органи на Банката , кога е потребно или по налог ;
- Да организира собрание на акционери и да обезбеди постоење на јасна комуникација со акционерите и да учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Собранијата на акционерите на Банката;
- Да му помага на Надзорниот одбор и доколку се побара да помага и на Управниот одбор со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот на работата ;
- Се грижи и одговара за уредно водење на целокупната евиденција и го организира чувањето на документација од Надзорниот одбор на Банката, Одборот за ревизија, Собранијата на акционери др. органи на Банката кога е потребно или по налог;
- Да обезбеди правилно спроведување на постапките во деловодникот за работа на Надзорниот одбор;
- Да извршува други административни задачи поврзани со корпоративното управување на Банката
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации, вештини и способности:
- Високо стручно образование од областа на правни, филолошки и други општествени или економски науки;
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност:
- Одлично познавање и работа на MS Office;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Високо ниво на професионалност и дискретност;
- Самоиницијативност лојалност и одговорност во извршувањето на работните задачи;
- Способност за работа ефективно самостојно и како дел од тим, со одржување на добри меѓучовечки односи ;
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
За ова работнo места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308