Централна кооперативна банка АД Скопје вработува Соработник за банкарски услуги за правни лица во Дирекцијата за банкарски услуги за правни лица во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги содржи следниве активности:
- исполнување на поставени месечни и квартални цели поврзани со продажба на производите на банката наменети за правни лица;
- кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити;
- тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;
- извршување на теренски промотивни и продажни активности;
- координација и поддршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;
- контрола на активности на продажната мрежа поврзани со продажби и промоции и сл.
Кандидатите треба да располагаат со високо образование од областа на економските науки, а избраниот кандидат треба да поседува:
- Развиени односи со деловни клиенти;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
- Добри аналитички способности и искуство во анализи на финансиски извештаи;
- Висок степен на прецизност;
- Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
- Добри комуникациски и продажни вештини;
- Способност за работа со утврдени временски рокови и однапред дефинирани таргети;
- Можност и афинитети за работа на терен;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 23.06.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308