Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице на работно место Одговорен за сигурност на информативниот систем (ОСИС).
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Управува и ja организира сигурноста на информативниот систем на Банката;
- Се грижи за безбедноста на Банката во текот на 24 часа;
- Управува и го организира физичкото и техничкото обезбедување со цел заштита на клиентите, вработените и имотот на Банката;
- Предлага и организира активности и контроли за превенција и намалување на ризикот од инциденти и загрозување на безбедноста на Банката и штетни последици за Банката, вработените и клиентите;
- Одговорен за редовно информирање на надлежните органи на Банката за прашања поврзани со информативната сигурност;
- Соработува со државни и други органи;
- Зголемување на степенот на безбедносната култура на вработените;
- Одговорен за контрола на системите за техничка заштита и физичко обезбедување;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Високо стручно образование,Универзитетска диплома од областа на информатичките науки;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи;
- Познавање и искуство во техничко и физичко обезбедување;
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема;
- Познавање на релевантната законска регулатива;
- Одлично познавање на англиски јазик (вербално и писмено), како и напредно користење на MS Office;
- Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Способност за работа под притисок;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Поседување возачка дозвола;
За ова работно место месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 12.03.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308