Почитувани клиенти,
Согласно одредбите од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Централна кооперативна банка АД Скопје Ве информира за обврската за ажурирање на податоците на своите клиенти, физички и правни лица, кои имаат сметки во Банката и кои сеуште не доставиле ажурирани податоци, истото да го направат во најскоро време во најблиската експозитура на Банката. Доколку податоците за клиентот не се ажурирани, работењето со сметките не ќе може да се одвива непречено, се додека не бидат ажурирани неговите податоци во Банката.
Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на Апликација за идентификација/ажурирање на клиент. За потврдување на идентитетот, клиентот физичко или правно лице потребно е да приложи валидни документи за идентификација (важечка лична карта или патна исправа за резиденти физички лица, патна исправа за нерезиденти физички лица, тековна состојба не постара од 3 месеци за правни лица), како и соодветна документација за утврдување на вистинскиот сопственик за правни лица.
Ажурирањето на податоците е во интерес на клиентите, бидејќи Банката ќе биде во можност да носи правилни одлуки базирани на валидни информации во однос на барањата на клиентите.
Доколку податоците се ажурирани, Банката ќе може навремено и на точни адресни податоци да ги доставува месечните/годишните извештаи, известувања и дополнителни материјали со кои се олеснува соработката меѓу клиентите и Банката.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје