Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe за работно место Соработник за возен парк и одржување на возила и имот во Дирекцијата за административна подршка во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги содржи следниве активности:
- ракува со патничките и транспортните возила спрема добиените налози;
- врши редовно одржување и чистење на возилата, се грижи за сервисирање и техничка исправност на возилата;
- обезбедува навремени поправки и регистрирање на возила;
- се грижи за одржување на имотот на Банката;
- се грижи за алатот и резервните делови на возилата;
- врши и други работи и работни задачи.
Кандидатите треба да располагаат со најмалку средно образование, а избраниот кандидат треба да поседува:
- возачка дозвола „Б“ категорија.
- основно познавање на работа со компјутери;
- основно познавање на англиски јазик;
- основни механички познавања поврзани со одржување на имот;
- основни механички познавања поврзани со одржување на возилата.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.08.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308