Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец август ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 31.08.2021 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 31.08.2021.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2. 11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
|
31.08.2021г. (вторник)
01.09.2021г. (среда)
02.09.2021г. (четврток)
03.09.2021г. (петок)
|
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје