Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник - технолог за развој-програмер.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија, бизнис анализа и технологија;
- воведување на нови алати за релациски бази на податоци при развојот на апликациитe;
- воведување и надзор на стандардите за заштита и квалитетот во информатичките системи;
- менторство, советување и поддршка на корисничките старатели и корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи;
- воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
- координирање на надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија;
- планирање на стратегија и архитектура на компјутерските информатички процеси;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки;
- Соодветно работно искуство во областа на информациони системи;
- Активно познавање и користење на SQL (предност е ORACLE) со активно користење на PL/SQL Developer и/или TOAD for Oracle;
- Познавање на HTM,XML/XSD за креирање на извештаи и формулари;
- Познавањa од full stack WEB програмирање (javascript, Vue.js, React, node.js - се смета за предност);
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Познавање на англиски јазик.
За ова работнo места предвидена е основна нето плата од 30.000 до 62.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.08.2021 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308