Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на лицe во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Стручен соработник – администратор на оперативни системи
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа)
Неделно работно време: понеделник – петок
Работен однос на неопределено време.
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Администрирање на Windows сервери и пратечки сервиси (domain controller, DNS, Group policy, DHCP, Active Directory),
- Одржување и ажурирање на работни станици на Windows, Unix(AIX) и Linux оперативни системи;
- Одржување на виртуелната инфраструктура;
- Водење евиденција, набавка и грижа околу сервисирање на IT опремата;
- Инсталирање, конфигурација и одржување на оперативни системи и системски продукти;
- Имплементација, организација, оптимизација на перформанси и справување со системски проблеми, оперативни системи и системските продукти;
- Следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на компјутерските системи и предлагање на промени и подобрувања;
- Превземање на мерки за обезбедување на достапност на системските сервиси (service uptime), работи на отстранување на проблемите и замена на делови;
- Врши надоградба на системот и софтверските пакети со нови верзии или тековните со отстранети недостатоци;
- Планирање и старателство на употребата на носителите на податоци;
- Изработка на безбедносни копии и обновување;
- Изработка на анализи и следење на работата на системските сервиси и информатичките системи;
- Координирање, следење и надзор на работните процеси на групата за хардвер и системски софвер;
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
- Мониторинг на работата и перформансите на серверите и ажурирање на нивната техничка документација;
- Развој, имплементација и одржување на нови и постоечки IT сервиси;
- Изработка на упатства, прирачници, процедури и стандарди;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки;
- Потребно работно искуство минимум од 2 години;
- Напредно познавање на Windows server OS, Microsoft services(AD, PowerShell, Exchange, MS SQL, Oracle, DNS , DHCP, …);
- Работно искуство со технлогиите за виртуализација ( VMware, Hyper-V,…)
- Mотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност;
- Возачка довола;
- Познавање на англиски јазик.
За ова работнo места предвидена е основна нето плата од 30.000 до 62.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk во кое задолжително треба да наведете за кое работно место аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.08.2021 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308