Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец септември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 28.09.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 28.09.2020.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари 28.09.2020г. (понеделник)
2. 11.001-14.000 денари 29.09.2020г. (вторник)
3. 14.001-18.000 денари 30.09.2020г. (среда)
4. Над 18.001 денари 01.10.2020г. (четврток)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје