Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец август ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 01.09.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.09.2020.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 3 групи:
1. 02.09.2020г. (среда) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
2.03.09.2020г. (четврток) - И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
3. 04.09.2020г. (петок) - П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје