Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Стручен соработник за администрирање на мрежи и сигурност во Дирекцијата за информатички технологии на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура
- Мониторирање на мрежна инфраструктура и мрежен сообраќај
- Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips)
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри
- Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура
- Администрирање и извршување на регуларни резервни копии
- Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација
- Следење на сигурност на мрежна инфраструктура и превенција од неовластен пристап
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност;
- Претходно работно искуство со мрежни инфраструктури ќе се смета за предност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 28.08.2020 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308