Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец јули ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.08.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 04.08.2020.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 3 групи:
1. 04.08.2020г. (вторник) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
2. 05.08.2020г. (среда) - И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
3. 06.08.2020г. (четврток) - П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје