Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место „Раководител на Службата за кредитен ризик и кредитни операции“ во Скопје на неопределено време.
Работното место воглавно ги опфаќа следниве активности:
- кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити;
- оценка на кредитен ризик;
- учествува и дава предлози за подобрување/влошување на категорија на ризик на клиент;
- изготвува извештаи поврзани со работењето на Службата и Дирекцијата;
- следење на дополнителните услови по одобрени кредитни производи согласно Правилата за кредитна активност;
- учествува во изработка на интерни акти поврзани со кредитната активност на Банката;
- тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е нето плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Добри аналитички способности и одлично познавање на финансиски извештаи и сметководствени стандарди;
- Висок степен на прецизност;
- Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
- Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
- Способност за работа со утврдени временски рокови;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Искуство во кредитирањето на правни лица во други банкарски институции ќе се смета за предност.
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „За оглас – Раководител на Служба кредитен ризик и кредитни операции“.
Огласот ќе биде активен заклучно со 02.04.2020 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308