Почитувани клиенти,
Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец март ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 25.03.2020 година.
Поради намалување на концетрацијата на клиенти кои ќе ги подигаат своите примања по основ на пензии, Банката изврши поделба на клиентите согласно азбучен ред од првата буква на името на клиентите и препорачува клиентите да се појават експозитурите на датумите во кои припаѓаат согласно поделбата.
Групите согласно првата буква од името на клиентите е следна:
- А – Д на датум 25.03.2020 година;
- Ѓ – М на датум 26.03.2020 година;
- Н – Ш на датум 27.03.2020 година;
Клиентите кои сакаат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на Банката, може истото да го извршат почнувајќи од 25.03.2020 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје