Поради новонастанатата ситуација во државата и препораките на Владата на Р.С. Македонија за применување на мерки за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, во продолжение се неколку правила за клиентите на ЦКБ АД Скопје кои е потребно да се почитуваат во наредниот период:
- ДРЖЕТЕ ПРИСТОЈНА ДИСТАНЦА од вработениот што Ве услужува и од останатите клиенти. (пристојна дистанца се смета растојание од најмалку 1,5метар);
- ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕ при влез во експозитура;
- БЕЗ НЕПОСРЕДЕН ФИЗИЧКИ КОНТАКТ со вработените и познаниците во банката;
- БЕЗ НЕПОТРЕБНО ЗАДРЖУВАЊЕ ВО ЕКСПОЗИТУРИТЕ. Доколку е потребно повеќе време за Вашата услуга, препорачливо е да причекате пред експозитурата;
- КЛИЕНТИ ШТО ДОАЃААТ ОД РИЗИЧНИ ЗЕМЈИ потребно е да останат во самоизолација и времено да не ги користат услугите на банката со физичко присуство;
- Почитувајте ги насоките од страна на физичкото обезбедување во однос на број на клиенти кои може да се присутни во експозитурата за добивање услуги;
- Почитувајте ги насоките од страна на вработените во експозитурата во однос на број на клиенти кои може да се присутни во експозитурата за добивање услуги;
- Се препорачува користење на електронско банкарство, траен налог, платежни картички, сите алтернативни канали со кои ќе се намали потребата од услуга на шалтер;
Јавното здравје е заедничка одговорност!
Се грижиме за нашите вработени и клиенти!
ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ