Почитувани,
Централна кооперативна банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија се вклучува во реализацијата на „Деновите на финансиската писменост“, кои ќе се одржат во земјава, од 29. до 31. Мај 2019 година, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции.
Годинава, во рамки на третото издание на Деновите на финансиска писменост, од 29. до 31. мај, на штандови кои што се специјално поставени за оваа прилика во филијалите на нашата банка, граѓаните ќе можат во непосредна комуникација со нашите вработени да ги добијат сите информации кои им се потребни, а се однесуваат на нашата работа и продуктите коишто ги нудиме, како и информации за современите начини на плаќање, можностите за управување со долг итн.
Нашата банка во согласност со своите можности ќе овозможи за сите нивни барања за информации од областа на нашето работење, граѓаните да бидат информирани или советувани од соодветно едуцирани кадри.
Ве очекуваме!