ccb logo
  • ЗА НАС
    • За ЦКБ АД Скопје
    • За ЦКБ АД Софија
    • Организациона шема
    • Раководство
    • Извештаи за банката
      • Финансиски извештаи
      • Извештаи и податоци
    • Меѓународна коресподенција
    • Заштита на лични податоци
    • Новости
    • Јавен повик
      • Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници по пат на јавна понуда
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (31.05.2022)
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (21.05.2021)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.12.2021
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 26.07.2022
    • Интерни акти
    • Преглед на референтни каматни стапки
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
    • Кредити
      • ПРОМОТИВЕН Кредитен пакет "Доверба"
      • ПРОМОТИВЕН Станбен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Станбен кредит во МКД
      • ПРОМОТИВЕН Хипотекарен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Хипотекарен кредит во МКД
      • ПРОМОТИВЕН Стандарден потрошувачки кредит
      • Кредитен пакет за пензионери
      • Автомобилски кредит
      • Автомобилски кредит во соработка со М Кар дооел Скопје
      • Кредит обезбеден со паричен депозит
      • Експрес кредит со залог на злато
      • Земјоделски кредит- Агро техника
      • Бескаматен кредит
      • Банкарски гаранции за физички лица
      • Тарифа на надоместоци за услугите кредитирање на населеие
      • Финансиска едукација
    • Депозити
      • Стандарден депозит
      • Хит депозит
      • Отворен депозит
      • Рентен депозит
      • Детско штедење
      • Депозит по видување
      • Супер депозит
    • Платежни картички
      • Дебитни картички
      • Кредитни картички
      • СМС Известување
    • Платен промет во земјата
    • Платен промет со странство
      • Платен промет со странство за Резиденти - домашни физички лица
      • Платен промет со странство за Нерезиденти- странски физички лица
    • Девизна сметка
      • Резиденти-домашни физички лица
      • Нерезиденти-странски физички лица
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Мобилно банкарство CCB Mobile
    • Western Union
    • Сефови
    • Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
  • ПРАВНИ ЛИЦА
    • Кредити
      • Бизнис кредит „Доверба -овердрафт“
      • Бизнис кредит - Обрт
      • Бизнис кредит - Раст
      • Бизнис кредит - Микро
      • Микро земјоделски кредит
      • Бизнис кредит - Експорт
      • ЦКБ Бизнис кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит
    • Гаранциско работење
    • Депозити
    • Платежни картички
      • Mastercard® Business Card – кредитна картичка
      • Visa Business – кредитна картичка
      • СМС Известување за платежни картички
    • Платен промет во земјата
    • Платен промет со странство
      • Платен промет со странство за Резиденти- домашни правни лица
      • Платен промет со странство за Нерезиденти- странски правни лица
    • Девизна сметка
      • Резиденти -домашни правни лица
      • Нерезиденти -странски правни лица
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Сефови
  • КОНТАКТ
Преглед на целата листа
  • JPY | 0.4150 | 0.4550 | 0.4294
  • AUD | 38.9000 | 41.8500 | 40.5621
  • CAD | 43.7500 | 46.7000 | 45.4810
  • GBP | 69.6000 | 73.6000 | 71.4476
  • CHF | 58.8000 | 62.6000 | 61.0781
  • SEK | 5.2100 | 6.3500 | 5.7906
  • NOK | 5.3400 | 6.5200 | 5.9684
  • DKK | 7.4700 | 9.1200 | 8.2930
  • USD | 56.8600 | 59.8500 | 58.4178
  • EUR | 61.3500 | 61.8500 | 61.6950

1

2

3

Анкета
Вашето мислење е најважно за нас!

Платен промет со странство за Резиденти- домашни правни лица


Платен промет со странство за резиденти- домашни правни лица


Што нуди платниот промет со странство?

Централна кооперативна банка АД Скопје преку својот интегриран и софистициран систем со најсовремени технолошки решенија за сите свои клиенти-корисници на банкарски услуги овозможува брз, ефикасен и сигурен начин на сите наплати и плаќања ширум светот, применувајки стандардизирани меѓународни платни инструменти и користејќи ја притоа широката мрежа на кореспондентски финансиски односи со странски и домашни банки.

Централна кооперативна банка АД Скопје извршува режимски денарски и девизни трансакции во платниот промет со странство за Резиденти – домашни правни лица по основ наплата/приливи/ од Нерезиденти и Резиденти како и плаќања/дознаки/ кон Нерезиденти или Резиденти со посредство на:

  • SWIFT - Глобален сервис за пренос на сигурни финансиски трансакции,
  • TARGET2 - МИПС Евро модул на НБРМ за брзи ЕВРО плаќања и наплати,
  • CCB Sofia,Bulgaria - за најефтини интерни валутни трансфери за клиенти на ЦКБ групација,
  • МИПС - денарски модул на НБРМ за брзи и ефикасни денарски режимски трансакции,
  • КИБС - Клириншки интербанкарски систем - каде налогопримачот може да располага со средствата на крајот од тековниот ден,
  • ЦКБ АД Скопје - за интерни експресни и ефтини трансфери за клиенти на банката.

Девизнии Денарски наплати – (приливи)

Девизните приливи се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.

За да насочите прилив на вашата сметка, неопходно е да го известите Налогодавачот со следните податоци:

  • Central Cooperative Bank AD Skopje;
  • SWIFT BIC CODE: CECBMK22;
  • Вашиот IBAN број и/или број на сметка;
  • Вашиот назив/име и презиме и целосна адреса.

Депонираните средства по основ на девизни приливи можат слободно и неограничено да останат на сметка или да се користат за плаќања кон нерезиденти, за службени патувања во странство на вработени, за сопствени трансфери на сметка или за продажба на истите на девизниот пазар.

Девизни наплати (лоро дознаки) се вршат во текот на тековниот работен ден од 08:00 часот до 16:00 часот.

Уплатата на девизна ефектива или наплатата на ефективни странски пари на девизна сметка на домашното правно лице во банката се смета за режимска трансакција и се врши во рок од два работни дена од денот на приемот на ефективните странски пари на девизната благајна на домашното правно лице. Клиентот поднесува до банката соодветна документација соглаасно важечките законски прописи во државата.

Инкасо-лоро наплата означува девизна наплата од странство по основ на извозни документи на домашното или странско правно лице презентирани до странска банка на ино-партнерот за наплата (најчесто се работи за транспортни документи или стоки и услуги). Инструментот најчесто се користи кај долгорочни репетитивни меѓународни наплати/плаќања за добро познати ино-партнери. Овој инструмент се регулира со Еднообразни правила и обичаи за документарна наплата – ICC Paris (МТК 522).

Лоро акредитиви - иструментот преставува неотповиклива наплата на девизно побарување од ино партнерот по основ на продадена стока или извршена услуга, во случаи кога договорените акредитивни услови во целост се испочитувани. Инструменотот е најпогоден за наплата на девизно побарување кога ино-партнерот е непознат.

Овој инструмент е регулиран со Еднообразни правила и обичаи за документарни работи по акредитиви и гаранции – ICC Paris (UCP 600)

Услови за добивање на инструментот:

  • отворена активна девизна и денарска тековна сметка;
  • фактура, проформа фактура или договор.

Банката врши прием на акредитивот преку SWIFT, го проследува до корисникот и по негово одобрување заедно со потребната документација поднесува барање за наплата на средствата до банката издавач.

Лоро гаранции – продуктот значи неотповиклива наплата на девизно побарување од ино-партнерот по основ на продадена стока или извршена услуга, во случаи кога договорените гаранциски услови во целост се испочитувани. Инструменотот е најпогоден за наплата на девизно побарување, кога ино-партнерот е непознат.

Овој продукт е регулиран согласно еднообразните правила и обичаи за документарни работи по акредитиви и гаранции – ICC Paris (URDG) 2010 revision, ICC Publication No. 758.

 

Услови за добивање на продуктот:

  • отворена активна девизна и денарска тековна сметка;
  • фактура, проформа фактура или договор.

Банката врши прием на гаранцијата преку SWIFT или непосредно во оригинал, ја проследува до корисникот и по негово одобрување заедно со потребната документација поднесува барање до банката гарант за наплата на средствата.

Денарски наплати - банката извршува наплати во денари по налог на Нерезиденти(ТРС) клиенти на банката или по Налог на тековни денарски нерезидентни сметки отворени во друга домашна банка а во корист на трансакциски сметки на Резиденти-клиенти на банката по основ на :

  • извршен извоз на стоки и услуги;
  • побарувања од нерезиденти со соодветна документација.

Денарските трансакции се вршат согласно терминскиот план за платен промет во земјата.


Девизнии Денарски плаќања - (дознаки)

Девизнитеплаќања - дознаки се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.

За извршување на дознаката неопходни се следните податоци за корисникот:

  • IBAN или Број на сметка;
  • Назив/Име и презиме и целосна адреса на корисникот;
  • SWIFT/BIC код на банката на корисникот;
  • Име на банката на корисникот.

Според стандарите на SWIFT дефинирани се три опции за распределба на банкарските провизии за девизните дознаки, по налог на клиентот од сметката во ЦКБ АД:

  • OUR - сите банкарски провизии се на сметка на налогодавачот. Во оваа опција се вклучени провизиите на банката на налогодавачот, на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на корисникот.
  • SHA - провизијата на банката на налогодавачот се на сметка на налогодавачот. Провизијата на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на корисникот се на сметка на корисникот.
  • BEN - сите банкарски провизии се на сметка на корисникот. Во овој опција банката на налогодавачот си ја наплаќа провизијата од износот на дознаката.

Провизиите кои што ЦКБ АД Скопје ги наплаќа се согласно важечкиот Тарифник на банката.

 

Девизните плаќања/дознаки/ кон други сметки кај странски или домашни банки се извршуваат со поднесување на:

  • уредно пополнет и потпишан налог за плаќање;
  • обезбедено покритие и провизија за плаќањето/дознаката;
  • пропратна документација за соодветно плаќање согласно важечката законска регулатива.

Налогот за плаќање/дознака/ кон други сметки, клиентот може да го достави лично до банката или да ја овласти банката да го изготви Налогот во негово име и за негова сметка.

Девизните плаќања (ностро дознаки) се извршуваат од 08:00 до 14:00 часот со валута во тековниот работен ден.

Исплата или подигање на ефективни странски пари/девизи во кеш/ може да се врши единствено по основ на аконтација за службен пат во странство или по основ на експлотациони трошоци. Исплатата на ефективни странски пари од девизна сметка на домашно правно лице се извршуваат во периодот од 08:00 до 16:00 часот со валута со тековниот работен ден во секоја експозитура на банката со уредно пополнет и потпишан налог од потписникот на сметката.

Инкасо – Ностро плаќање/дознака - означува девизно плаќање во странство по основ на увозни документи презентирани од странската банка на ино-партнерот со обврска за плаќање кон истиот- (најчесто се работи за транспортни документи или стоки и услуги). Инструментот се користи кај долгорочни репетитивни меѓународни плаќања за добро познати ино-партнери. Овој инструмент се регулира со еднообразни правила и обичаи за документарна наплата – ICC Paris (МТК 522).

 

Ностро акредитиви - инструментот преставува неотповиклива обврска за плаќање во девизи на ино-партнерот (нерезидент), по основ на купена стока или извршена услуга во случаи кога договорените акредитивни услови во целост се испочитувани. Инструментот е најпогоден за плаќање на девизна обврска кон Ино партнер-Нерезидент кога е непознат.

Овој инструмент е регулиран во согласнот со рднообразните правила и обичаи за документарни работи по акредитиви и гаранции – ICC Paris (UCP 600)

Услови за добивање на инструментот:

  • Отворена и активна девизна и денарска тековна сметка;
  • Фактура, проформа фактура или договор;
  • Барање за отварање на акредитив кон нерезидент;
  • Согласност добиена од Кредитниот одбор и УО на банката по основ обезбедување.

 

Ностро гаранции – овој продукт означува неотповиклива обврска за плаќање во девизи на ино-партнерот (нерезидент), по основ на купена стока или извршена услуга во случаи кога договорените гаранциски услови во целост се испочитувани. Инструменотот е најпогоден за плаќање на девизна обврска кон ино партнер-нерезидент кога е непознат.

Овој продукт е регулиран согласно еднообразните правила и обичаи за документарни работи по акредитиви и гаранции – ICC Paris (URDG) 2010 revision, ICC Publication No. 758.

 

Банката врши издавање и авизирање на следните видови девизни гаранции:

  • Платежни гаранции,
  • Авансни гаранции,
  • Тендерка гаранција,
  • Чиннидбени гаранции,
  • Други видови гаранции.

 

Услови за добивање на продуктот:

  • Отворена и активна девизна и денарска тековна сметка;
  • Фактура, проформа фактура или договор;
  • Барање за отварање на гаранција кон нерезидент;
  • Согласност добиена од Кредитниот одбор и/или од УО на банката по основ обезбедување.

 

Денарски плаќања по Налог на резидент кон нерезидент - Банката извршува плаќања во денари во корист на денарски тековни сметки на Нерезиденти отворени во банката или во други домашни банки по Налог на Резидент-клиент на банката по основ на:

  • извршен увоз на стоки и услуги;
  • други обврски според приложена соодветна документација;
  • уредно пополнет и потпишан налог за плаќање кон нерезидент.

 

Денарските плаќања  се вршат согласно терминскиот план за платен промет во земјата.

 


По ваше барање дополнителни информации за платниот промет со странство може да се добијат во сите Експозитури/Филијали на банката и/или по телефон или електронска пошта.

Контакт информации:

Телефон: (00 389 2) 3249 371, 3249 373, 3249 395

e-mail: pps@ccbank.mk

Тарифа за надоместоци за платен промет со странство

  • Електронско Банкарство

    Влез | Регистрација
  • Мапа на банкомати

  • Мапа на експозитури

  • Понуда на недвижности

  • Вработување и пракса

  • Конвертор на валути

  • Калкулатор за кредити

  • Калкулатор за депозити

  • Тарифник

shdw


ckb footer logo

icon 1

Ул. 1732 бр.2, 1000 Скопје

icon 2

02/3249-300

icon 3 info@ccbank.mk


  • ЗА НАС
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
  • ПРАВНИ ЛИЦА
  • КОНТАКТ


  • facebook
  • instagram

© 2014 Централна Кооперативна Банка АД Скопје

semos


Конвертор на валути

* Пополнете ги сите полиња погоре пред да го извршите пресметувањето.

Пресметај Избриши

Дали сте задоволни од професионалноста и љубезноста на вработените во ЦКБ?

Гласај

Мапа на банкомати

Мапа на експозитури