Електронско банкарство
Електронско банкарство – ccbonline
Системот за Електронско Банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје (понатаму ЕБ), е информативно-финансиски сервис на Банката кој на корисникот му овозможува 24 часа ефикасен, флексибилен и едноставен начин на пристап до информациите за состојбата на своите сметки во реално време, реализација на потребните финансиски трансакции како и праќање и прием на електронски пораки во секојдневната комуникација со Банката, од својот компјутер дома или во канцеларија, насекаде во светот без инсталација на дополнителен софтвер.
Опсег на услуги
Банката во својот систем за ЕБ нуди определен опсег на услуги кои корисникот ги прифаќа со потпишувањето на Договорот, и тоа:
1. Информативен сервис кој овозможува:
- информација за приливите и одливите преку сметките во текот на денот;
- изводи на денарските, девизните и депозитните сметки за изминати денови;
- преглед на девизните курсеви;
- прием и праќање на електронски пораки.
2. Финансиски сервис кој овозможува:
- безготовински трансакции со ПП30, односно плаќања во рамките на Банката, како и плаќања кон иматели на сметки во други Банки преку системот на КИБС и системот на МИПС (итни плаќања);
- безготовински трансакции со ПП50, односно плаќања кон Трезорската сметка и сметката на Фондот за здравствено осигурување на РМ;
- безготовински трансакции со ПП53, односно превземање на фолио број и реализација на трансакциите за исплата на плата и придонеси од плата;
- збирен налог за пренос ПП32, односно плаќања од еден налогодавач кон повеќе налогопримачи, по повеќе основи;
- налози за купување и продажба на девизни средства, согласно важечката регулатива и правилата на Банката, вклучувајќи и договарање на курс;
- иницирање налози за девизни плаќања кон сметки во Банката (интерни девизни плаќања) согласно важечката регулатива и правилата на Банката; и
- иницирање налози за девизни плаќања кон сметки во други банки во РМ и кон странство, преку системите на МИПС/ТАРГЕТ2 или SWIFT, согласно важечката регулатива и правилата на Банката.
Дигитален сертификат за електронско потпишување
За верификација - потпишување на трансакциите и електронските пораки преку системот за Електронско банкарство, се користи дигитален сертификат, кој е единствен и достапен само за Корисникот односно лицето овластено за електронско потпишување.
Сертификатот е валиден само доколку Корисникот склучи Договор за користење на информативно-финансискиот сервис.
За користење на информативно-финансискиот сервис, Банката преку својата интернет страна во делот за регистрација на Корисникот овозможува генерирање на дигитален сертификат.
Дигиталните сертификати генерирани преку интернет страната на Банката може да се користат исклучиво за меѓусебна комуникација помеѓу Корисникот и Банката.
Предности на Електронското Банкарство
Системот за Електронско банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје овозможува сигурен и едноставен пристап до информациите за состојбата на вашите сметки во реално време, 24 часа 7 дена неделно, реализација на финансиските трансакции од вашиот компјутер дома или во канцеларија насекаде во светот без при тоа да се инсталира дополнителен софтвер, како и праќање и прием на електронски пораки во секојдневната комуникација со Банката.
- Сигурност – ccbonline е систем за електронско банкарство каде се користи најсовремена технологија на заштита на податоците. Сите податоци кои се разменуваат се во криптирана форма и истите се достапни само на оној на кого се oднесуваат.
- Намалени трошоци – вклучувањето на системот за ЕБ, добивањето на сертификат и користењето на информативниот дел на системот е без надомест, а налозите извршени преку ЕБ се со значително помали цени од налозите доставени на хартија во Банката.
- Заштеда на време – можноста да ги добиете потребните информации за прометот и состојбата на вашите сметки, извршување на трансакции како и праќање на електронски пораки без при тоа да доаѓате на шалтерите на Банката, значи заштеда на вашето драгоцено време и можност повеќе да се посветите на вашиот бизнис.
Склучување на Договор за користење на ЕБ
Корисник на ЕБ може да стане правно или физичко лице кое во Банката има отворено денарска сметка, ги прифаќа Општите услови за користење на ЕБ, поднесе Барање и потпише Договор за користење на ЕБ. Корисникот може да почне да го користи системот за ЕБ откако ќе потпише Договор за користење на ЕБ.
Со Договорот е предвидено:
- користење само на информативен сервис, или
- користење на информативен и финансиски сервис
Барањето и Договорот правното или физичкото лице може да ги превземе на оваа страна најдолу.
Наплата на надоместоци
Корисникот е согласен надоместоците за услугите за користење на системот за ЕБ, Банката да ги наплатува автоматски од неговите сметки согласно Одлуката за Тарифата на надоместоци на Банката.
Технички услови за вклучување на ЕБ
Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди персонален компјутер со оперативен систем MS Windows и со Internet Explorer или Mozilla Firefox, како и да обезбеди интернет пристап.
Техничка поддршка на тел. 02/3249-331Информации на тел. 02/3249-361, 02/3249-320, 02/3249-371
ibank@ccbank.mk