Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец јануари ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 26.01.2021 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 26.01.2021.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари 26.01.2021г. (вторник)
2. 11.001-14.000 денари 27.01.2021г. (среда)
3. 14.001-18.000 денари 28.01.2021г. (четврток)
4. Над 18.001 денари 29.01.2021г. (петок)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје