Резиденти -домашни правни лица
Девизна сметка за правни лица
Отворање на девизна сметка
Еден ист клиент, Правно лице може да отвори неограничен број на девизни сметки во една деловна банка во Република Македонија при што потпишува посебен договор за секоја сметка.
Пред воспоставување на било каков деловен однос, банката врши идентификација на клиентот согласно одредбите од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и Програмата на Банката за имплементација на мерките за заштита од спречување на перење пари и финансирање тероризам. За таа цел клиентот задолжително пополнува и соодветна Апликација. При отворање на девизната сметка задолжително е клиентот да има отворено и денарска трансакциска сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје.
За вршење на работите на платниот промет со странство, банката на барање на клиентот отвара девизна сметка по предходно отворена денарска сметка, при што е потребно клиентот да ја достави и потпише следната документација:
Домашно правно лице - Резидент:
- Решение за упис во Трговскиот регистар и/или Тековна состојба од Регистарот на надлежен орган во РМ (датум на издавање не постар од 3-три месеци), ако уписот во регистар е пропишан со закон; или
- Акт од надлежен орган за основање, ако клиентот не е запишан во регистар; или
- Извод од закон, ако клиентот е основан согласно закон; или
- Решение од надлежен суд за отворање на стечајна/ликвидациона постапка, ако подносителот е клиент со отворена стечајна/ликвидациона постапка;
- Образец ЗП – заверен потпис на лицето овластено за застапување;
- Копија од важечка лична или патна исправа на лицето/та кои се овластуваат да располагаат со средствата на сметката;
- Апликација за регистрирање на клиент (Формулар од банката);
- Апликација за регистрирање на потписник-овластено лице(Формулар од банката);
- Барање за отварање на сметка (Формулар од банката);
- Договор за отварање и водење на девизна сметка (Формулар од банката);
- Пријава за овластени лица (Специмен) за располагање со средствата на сметката, со потпис и со/без печат со кои ќе се заверуваат инструментите на платниот промет (Формулар од банката);
- Изјава од одговорното лице за статус Резидент или Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РМ и за термините и условите за отворање и водење на девизна сметка (Формулар од банката)
Наведената документација се доставува во оригинал (или фотокопија заверена на нотар) во најблиската експозитура на Банката.
Банката може да побара и друга документација доколку од доставената не може да се утврдат неопходните податоци за идентификација на клиентот при отворање на девизната сметка.
Клиентите кои претходно се идентификувани и во банката имаат важечка документација, потребно е да ги пополнат и достават само предвидените формулари од Банката.
Дополнителни информации може да се добијат лично, телефонски или преку електронска пошта во сите Експозитури или Филијали на Банката.
Kонтакт: pps@ccbank.mk