Износ на кредитот
|
Минимум 123 000 МКД
Максимум 18 500 000 МКД
|
Кредитот е наменет за:
|
- Кредитот е наменет за лица, вработени на неопределено работно време најмалку 6 месеци пред аплицирањето, кои платата ја примаат на сметка во Банката и кои ќе воспостават хипотека на недвижен имот
- Лица со работен однос на определено работно време во континуитет од најмалку 12 месеци пред аплицирањето за кредит кои платата ја примаат на сметка во Банката и кои ќе воспостават хипотека на недвижен имот
- Пензионери кои до истекот на кредитот ќе наполнат најмногу 73 години кои пензијата ја примаат на сметка во Банката и кои ќе воспостават хипотека на недвижен имот
|
Рок на кредитот
|
До 240 месеци
|
Каматни стапки
|
Кредитобаратели кои платата ја примаат на сметка во Банката за кредити одобрени со валутна клаузула и одобрено дозволено пречекорување или кредитен лимит:
|
Кредитобаратели кои не примаат плата на сметка во Банката и на кои им се одобрени минимум 2 дополнителни производи * во следните 30 дена по исплатата на кредитот, за кредити одобрени со валутна клаузула:
|
ПРОМОТИВНИ каматни стапки:
- 3,70% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите четири години, за сите апликации каде вредноста на обезбедувањето покрива најмалку 140% од кредитот или вкупните обврски по кредити на кредитобарателот не надминуваат 60% од неговите месечни приходи
- 3,90% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите четири години, за сите останати апликации
- 5.80% променливакаматна стапка по истек на периодот со фиксна каматна стапка (шестмесечен ЕУРИБОР 0% + 5,80% фиксен дел)
Каматни стапки вон промотивните услови:
- 4,50 % фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите 3 години или 4,90% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите 4 години.
- Дозволени се дополнителни намалувања:
- За 0,30 п.п. при: рефинансирања изложености во други банки и штедилници со повеќе од 50% од кредитот; во случај личните нето месечни примања на кредитобарателот да се повисоки од 30,000 мкд или семејните повисоки од 50,000 мкд
- За 0,30 п.п. кога: понуденото обезбедување е стан во Скопје или доколку истото е во друг град покрива најмалку 135% од износот на кредитот; при задолженост во однос на месечен приход помала од 60% со или без вклучени приходи на кокредитобарател
- 6,30% променлива каматна стапка на годишно ниво, за сите погоренаведени случаи, после истек на фиксниот период.
- Дозволени се дополнителни намалувања на каматната стапка и тоа:
- За 0,30 п.п во случај на: рефинансирање со повеќе од 50% од кредитот; при лични нето месечни примања над 30,000 мкд односно семејни над 50,000; при винкулирана полиса за животно осигурување или ризико полиса кое покриваат најмалку 1/4 од износот на кредитот
- За 0,20 п.п. кога понуденото обезбедување е стан во Скопје или доколку истото е во друг град покрива најмалку 135% од износот на кредитот; при задолженост во однос на месечен приход помала од 60% со или без вклучени приходи на кокредитобарател
- За секој клиент кој ќе се одлучи да аплицира за кредит без провизија за обработка, во фиксниот период ќе важи каматна стапка за 0,50 процентни поени повисока од погоре наведените.
|
- 6,00% фиксна каматна стапка за првата година
- 7,00% променлива годишна каматна стапка (шестмесечен ЕУРИБОР 0% + 7,00% фиксен дел) по првата година
|
Провизии и надоместоци
|
- ПРОМОТИВНО до 31.03.2021!! БЕЗ ПРОВИЗИЈА за обработка, БЕЗ нотарски трошоци при рефинансирање во други банки и штедилници, БЕЗ трошоци за проценка на недвижниот имот во случај кредитот да се одобри
- 1200 МКД провизија – Барање за кредит
- 1,00% - провизија за обработка
- 4,00% провизија за предвремено затворање на кредит, при рефинансирање со кредити од други банки - еднократно на остатокот од долгот.
- Без провизија во случај на рефинансирање на кредитни изложености во други банки и штедилници со над 50% од одобрениот кредит
- БЕЗ ПРОВИЗИЈА за предвремена отплата на кредитот со сопствени средства
- 2.000 МКД надомест за изработка на правно мислење
Останати трошоци:
- 900 МКД за промена на амортизациски план по барање на клиентот
- 200 МКД провизија за известување за секој неплатен долг
- трошоци за осигурување
- трошоци за проценка на недвижниот имот
- нотарски трошоци
- трошоци за интеркаларна камата
|
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
|
Годишната каматна стапка на вкупни трошоци (СВТ) изнесува 5,46% за кредит во износ од 2 460 000 МКД, со рок на враќање 240 месеци, со фиксна каматна стапка 3,90% за првите 3 години, а потоа 5,80% променлива каматна стапка. Месечниот ануитет за првите три години изнесува 14 778 МКД, а за остатокот од периодот месечниот ануитет изнесува 16 996 МКД.
Примерот е даден за кредитобаратели кои ги исполнуваат следните услови:
- За кредитобаратели кои платата ја примаат на сметка во Банката, за кредити одобрени со валутна клаузула и одобрено дозволено пречекорување или кредитен лимит,
- Рефинансираат изложености во други банки и штедилници со повеќе од 50% од кредитот, во случај личните нето месечни примања на кредитобарателот да се повисоки од 30 000 МКД или семејните повисоки од 50 000 МКД,
- При винкулирана полиса за животно осигурување или ризико полиса кое покриваат најмалку 1/4 од износот на кредитот,
- Кога понуденото обезбедување е стан во Скопје или доколку истото е во друг град покрива најмалку 135% од износот на кредитот; при задолженост во однос на месечен приход помала од 60% со или без вклучени приходи на кокредитобарател.
|
Обезбедување
|
- Хипотека
- Полиса винкулирана во корист на Банката
|
Потребни документи
|
- Барање за кредит
- Фотокопија од важечка лична исправа (лична карта пасош) за кредитобарателот
- Потврда за работен однос и плата или други месечни приходи за кредитокорисникот
- Имотен лист
- Полиса винкулирана во корист на Банката
- Доказ за сопственост на имотот
|