Нерезиденти-странски физички лица
Отворање на девизна сметка
Еден ист клиент, Физичко лице може да отвори неограничен број на девизни сметки во една деловна банка во Република Македонија при што потпишува посебен договор за секоја сметка.
Пред воспоставување на било каков деловен однос, банката врши идентификација на клиентот согласно одредбите од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и Програмата на Банката за имплементација на мерките за заштита од спречување на перење пари и финансирање тероризам. За таа цел клиентот задолжително пополнува соодветна Апликација за регистрација на клиент.
Задолжително е клиентот да отвори Денарска (MKD) трансакциска сметка во случај да ги користи платежните дебитни картички на ЦКБ АД Скопје (Visa Electron, Maestro, останати).
За вршење на работите на платниот промет со странство, банката на барање на клиентот отвара девизна сметка при што клиентот треба да ја достави и потпише следната документација:
Физичко лице – Нерезидент:
- Копија од важечка Патна исправа на лицето-барател односно Носител или лицето овластено да отвори и располага со средствата на сметката, или важечка Лична карта ако лицето е државјанин на земја членка на Европската Унија, земја потписничка на Шенгенскиот договор или земја, држава со која Република Македонија има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјани на двете земји;
- Полномошно заверено на Нотар ако Носителот на сметка не е лично присутен во банка;
- Апликација за регистрирање на клиент-Овластено лице (Формулар од банката);
- Барање за отварање на девизна сметка со Пријава за овластени лица (Специмен) за располагање со средствата на сметката (Формулар од банката);
- Договор за отварање и водење на девизна сметка (Формулар од банката);
- Изјава од овластеното лице за статус Резидент-Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РМ и за термините и условите за отворање и водење на девизна сметка (Формулар од банката).
Наведената документација се доставува во оригинал (или фотокопија заверена на нотар) во најблиската експозитура на Банката од која Банката задолжително задржува фотокопија.
Наведената документација (на македонски јазик или на англиски со превод на македонски јазик од овластен судски преведувач) се доставува во оригинал (или фотокопија заверена на нотар) во најблиската експозитура на Банката.
Банката може да побара и друга документација доколку од доставената не може да се утврдат неопходните податоци за идентификација на клиентот при отворање на девизната сметка.
Клиентите кои претходно се идентификувани во банката и имаат важечка документација, потребно е само да ги пополнат и достават предвидените формулари од Банката.
Дополнителни информации може да се добијат лично, телефонски или преку електронска пошта во сите Експозитури или Филијали на Банката.
Kонтакт: pps@ccbank.mk