Каматни услови
|
Каматни стапки вон промотивните услови:
За кредитобаратели кои платата не ја примаат на сметка во Банката:
- 7,50%, променлива каматна стапка на годишно ниво, за кредити одобрени во МКД.
За кредитобаратели кои платата ја примаат на сметка во Банката и на кои истовремно ќе им биде одобрено дозволено пречекорување во висина од најмалку една нето плата:
- 5,20% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите две години или
- 5,50% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите три години.Предвидени се дополнителни намалувања на горенаведените каматни стапки, во следните случаи:
- минус 0,20 п.п. при истовремено аплицирање за кредитна картичка
- минус 0,20 п.п.за: апликации со обезбеден жирант/авалист или за апликации со рок до 95 месеци или или при рефинансирање во други банки или штедилници со мин.50% од кредит
- минус 0,30 п.п. за апликанти од преферентна листа* или за апликанти со месечни приходи над 30,000 мкд или за апликанти со винкулирана ризико полиса
(Согласно погоренаведеното, најниските фиксни каматни стапки предвидени за приматели на плата во банката се: 5,20%-0,20%-0,20%-0,30% =4,50% за две години и 5,50%-0,20%-0,20%-0,30% =4,80% за три години)
- 5,90% фиксна каматна стапка за првите две години за сите кредити со солемнизација на договорот за кредит, по што следува варијабилна стапка од 6,60%.
- 6,60% - варијабилна каматна стапка на годишно ниво, по истекот на првите две/три години соодветно. Предвидени се дополнителни намалувања на горенаведената каматна стапка:
- минус 0,40 п.п. при рефинансирања во други банки или штедилници со најмалку половина од кредитот или при рок на кредит до 95 месеци
- минус 0,40 п.п. со жирант/авалист или винкулирана ризико полиса
- За секој клиент кој ќе се одлучи да аплицира за кредит без провизија за обработка, во фиксниот период ќе важи каматна стапка за 0,50 процентни поени повисока од погоре наведените.
Во случај кредитобарателот да не ја префрли платата во рок од 90 дена од денот на исплатата на кредитот, Банката го задржува правото да примени варијабилна каматна стапка од 7,50% на годишно ниво на остатокот на долгот.
Сите погоренаведени каматни стапки се дадени во апсолутен износ, а нивната структура се формира согласно усвоената методологија на банката
|
Провизии и надоместоци
Провизијата се задржува од одобрениот кредит.
|
ПРОМОТИВНО до 31.12.2020!!! БЕЗ ПРОВИЗИЈА за обработка за сите нови кредитни изложености
- 650 МКД провизија за барање на кредит
- Без провизии за членови на ЦКБ Клуб
- 1,00% провизија за обработка, еднократно врз одобрениот износ во случај помалку од половина од одобрениот кредит да се користи за рефинансирање во други банки и штедилници
- 0,40% провизија за обработка, еднократно врз одобрениот износ, во случај повеќе од половина од одобрениот кредит да е наменет за рефинансирања во други банки и штедилници
- 0,00% провизија за обработка, еднократно врз одобрениот износ, во случај повеќе од половина од кредитот да е наменет за рефинансирања во други банки и штедилници и истовремено да е обезбеден најмалку еден жирант/авалист
|
Обезбедување
|
- Без жиранти за кредити со износ до 1 100 000 мкд со солемнизација на договорот за кредит - само за клиенти кои ќе докажат дека лично поседуваат имот или ќе понудат солидарен должник кој ќе докаже дека поседува имот. Над предвидениот износ потребен е најмалку 1 жирант**.
- Без жиранти за сите клиенти кои аплицираат за кредити со износ до 1,200,000 МКД, во случаи кога вкупните месечни обврски по ануитети не надминуваат 50% од месечните приходи. За вработени во МВР, за клиентите на банката кои веќе редовно отплаќаат кредит најмалку 18 месеци и имаат месечни приходи над 24,000 мкд, како и за клиентите кои ќе обезбедат кредитоспособен жирант - вкупните месечни обврски по ануитети може да достигнат најмногу до 65% од остварените месечни приходи. За клиенти со месечни приходи под 16,000 МКД, максималните месечни обврски по ануитети можат да бидат најмногу до 40% од износот не месечните приходи. За износ на кредити до 600,000 мкд, може да се примени и пресметка за кредитоспособност, со остаток од 5,000 мкд по член на семејство. При солемнизација на договорот за кредит задолженоста во однос на платата може да се зголеми за дополнителни 5% од оние пропишани погоре.
|
Дополнителни услови
|
Издавање на златни кредитни картички Мaster Card со минимален износ на лимит од 300,000 мкд, но да не надминува повеќе од 400,000 мкд, за одобрени кредити од кредитен пакет „Доверба“, на кредитокорисници со месечен приход над 40 000 мкд или вкупен месечен семеен приход над 60 000 мкд.
|