НАМАЛЕТЕ ЈА ЦЕНАТА, ДОДАЈТЕ ЕМОЦИИ СО ПРОГРАМАТА CCB BONUS И ВАШАТА КАРТИЧКА ОД ЦКБ
Централна Кооперативна Банка со задоволство Ви го претставуа - CCB Bonus, создаден со многу внимание и стремеж да одговори на Вашите желби, потреби и стил на живот. Специјално за Вас се селектирани нашите предлози за шопинг со попусти кај нашите многубројни партнери.
CCB Bonus внесува добро расположение во Вашето секојдневие и Ве полни со ентузијазам додека пазарувате во омилените продавници, Ве изненадува со попусти за време на Вашето патување и Ви нуди можности за поволни купувања.
За да имате корист од најатрактивните попусти на нашите партнери, плаќајте со својата дебитна или кредитна картичка, издадена од Централна Кооперативна Банка. Кај некои од нашите партнери попустот важи само при плаќање со кредитна картичка од ЦКБ.
Ве молиме не заборавајте да напоменете за својот попуст за време на купувањето.
Попустите важат за производи и услуги кои не се вклучени во промоциите, освен ако не е поинаку наведено.
НАКРАТКО ЗА CCB BONUS
• Попустите важат за стоки и услуги кои не се вклучени во промоциите, освен ако не е поинаку наведено.
• Попуст за хотелско сместување не се применува за време на национални и државни празници, како и кај локални празници и специјални настани, освен со согласност на трговецот.
• Попуст се добива на продажното место во моментот на купувањето.
• Попустите не важат при купување и користење на ваучери, освен ако не е наведено поинаку.
• Информирајте се за својот попуст пред плаќањето на сметката или напоменете дека ќе платите со картичка на ЦКБ АД.
• Во случај продажното место да не Ви одобри попуст, Ве молиме да не информирате на телефон: 02/3249 343 или на mail-от cards@ccbank.mk.
• Банката не сноси одговорност за направени печатни грешки.
• За време на важноста на каталогот можно е да дојде до промена на условите посочени од продажните места. Најновите информации се објавени на http://bonus.ccbank.bg/
• Во случај картичката да Ви биде изгубена или украдена, за да ја блокирате, Ве молиме да се јавите веднаш на следниот телефонски број: 02/3293 888
Дополнителни услуги за дебитни картички
- Дозволено пречекорување на трансакциска сметка: корисникот на дебитна картичка може да користи дозволено пречекорување. За клиенти кои примаат плата во Банката, се одобрува дозволено пречекорување во висина до пет нето-плати, додека за пензионери во висина до четири нето-пензии.
- Потребни документи за дозволено пречекорување: пополнето барање, потврда за редовен работен однос заверена од работодавачот (за пензионери, чек од пензија) и копија од лична карта.
- Обезбедување: административна забрана, меница со менична изјава*.
- Каматна стапка: 9,50%*, додека за пензионери е 9,48% годишно.**
- Казнена камата: 9,50% годишно, на износот над дозволеното пречекорување.
*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување/жирант.
**Променлива каматна стапка дефинирана како збир на референтна каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула објавена на интернет страната на НБРСМ www.nbrm.mk и која изнесува 1,53% и фиксен додаток од 7,97% и 7,95% за пензионери. Доколку редовната каматна стапка е повисока од стапката на законската казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е 9,50% на годишно ниво.